Denesen.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

МИЦКОСКИ ЗА ДЕМОГРАФИЈАТА: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

МИЦКОСКИ: Продолжува борбата за идентитетот, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

НИКОЛОСКИ: Го пуштивме новиот Западен булевар на Гевгелија, а во следниот период ќе работиме во Моин, Прдејци и Богородица-Гевгелија

СОБРАНИЕ: Оставката на Димитровска може да биде констатирана на седница во вторник, по 10 дена почнува избор на нов претседател на ДКСК

СРБИЈА ЌЕ ГО ПРОШИРУВА ПРЕШЕВО: За влез во Македонија 23 ленти што значително ќе ги намалат метежот и времето на чекање

Свет, Магазин

На Пелопонез измерени речиси 45,8 степени Целзиусови

/ 25.07.2025
Share
На Пелопонез измерени речиси 45,8 степени Целзиусови
Sun and clouds

Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денешниот ден температурата во многу делови од земјата надмина 42 степени, а највисоките температури биле регистрирани во Епир, Тесалија, западна и северна Грција, Пелопонез и јужниот дел на Крит.

Просечната максимална температура денеска во Грција беше највисока во последните денови, достигнувајќи 37,6 степени, а 359 од 554 активни метеоролошки станици регистрирале температури од над 37 степени, 165 станици регистрирале над 40 степени, а термометарот покажал над 42 степени во 34 станици.

– Она што е карактеристично за денешниот ден е тоа што многу голема географска површина на земјата беше зафатена од екстремно високи температури. Се проценува дека околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени, пишува Метео и појаснува дека демографските податоци се однесуваат на постојаните жители на секој регион, додека привремените промени во населението (на пример, поради летни одмори) не се земени предвид.

Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, температурата беше над 40 степени.

Новиот топлотен бран што од понеделникот ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела. (МИА)

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

Се развеаја знамињата, ечи македонска песна, коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров

На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути

Грчка вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Данае Доркен

АКЦИЈА НА ПЛАЖИ ВО ГРЦИЈА: Нема чување место – одземени и однесени на рециклирање чадори за сонце, лежалки, пешкири…

АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ ВО ИЗРАЕЛ: Гробница стара 100.000 години, ги менува историјата и научните сознанија за праисториските луѓе

ЗЕЛЕНСКИ: Русија нема направено значителен пробив на фронтот, многу е тешко насекаде, но тешко е и за Русите – и тоа е добро за нас

Најнови вести

На Пелопонез измерени речиси 45,8 степени Целзиусови


Се развеаја знамињата, ечи македонска песна, коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров


На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути


КОЦЕВСКИ: Интерпелацијата против мене нема законска основа и воопшто не би смеела да биде поднесена


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ