Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече дека Ливерпул е најдобриот тим во Европа.
На 3 јануари „граѓаните“ ги очекува дуел со Ливерпул, за кој Гвардиола рече дека не смеат да го загубат за да останат во игра за титулата.
– Го имаме за ривал во моментов најдобриот тим во Европа и во светот. Знаеме дека ако загубиме ќе се збогуваме со трофејот. Не дека и тие нема да изгубат бодови до крајот, но нивната предност ќе биде недостижна. Мислам дека во таков случај трка за титулата ќе заврши, истакна шпанскиот фудбалски стручњак.
По 20 рунди во Премиер лигата, Ливерпул е лидер со 54 бода, Манчестер сити е втор со 47.