Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека тој и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум се согласиле да го продолжат трговскиот договор за 90 дена.
„Тукушто завршив телефонски разговор со претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, кој беше многу успешен во тоа што, сè повеќе и повеќе, се запознаваме и разбираме“, напиша Трамп на Truth Social.
Мексико ќе продолжи да плаќа царина од 25% за фентанил, 25% за автомобили, 50% за челик, алуминиум и бакар, рече тој.
„Дополнително, Мексико се согласи веднаш да ги прекине своите нетарифни трговски бариери, од кои имаше многу.
„Ќе разговараме со Мексико во текот на следните 90 дена со цел да потпишеме трговски договор некаде во рамките на 90-дневниот период или подолго“, додаде тој.
Ќе има соработка на границата во врска со сите аспекти на безбедноста, вклучувајќи дрога, дистрибуција на дрога и нелегална имиграција во САД, рече Трамп.
Шејнбаум рече дека имала „многу добар“ разговор со Трамп.
„Го избегнавме зголемувањето на тарифите најавено за утре и обезбедивме 90 дена за да изградиме долгорочен договор преку дијалог“, додаде таа.