Во петокот, во емисијата Богдан Илиевски шоу гостуваше Мустафа Хајрулахи, прв човек на скопското Вишо јавно обвинителство кој сега е под суспензија. Во интервјуто, тој отворено зборува за неговиот случај, за обвинителите од бившото СЈО кои, според него, го држат во рака ЈО Коцевски, дека ЈО за организиран криминал Абази пробал да го затвори случајот за бонусите од 4,6 милиони евра на незаконит начин, зборува за криминалот направен во врска со неговата суспензија и за низа други нешта кои јасно покажуваат зошто довербата во правосудниот систем е на 2 отато. Во првиот дел од интерјвуто кое го имате на Денешен.мк зборува за тоа дека обвинението за случајот во Кочани никогаш нема да се докаже и дека тоа е направено намерно. Прочитајте што тој вели во овој втор дел од интервјуто: 

ИЛИЕВСКИ: Ако тогаш сите се согласиле со член 313 за тероризам, да земеме да се обесиме. Што се однесува до тебе, кој е назначен таму на твоето место?

ХАЈРУЛАХИ: Уште тогаш кажав дека на див начин, на многу незаконит начин, Советот на јавни обвинители, и покрај тоа што во Законот е јасно прецизирано во кои случаи Советот на јавни обвинители може да назначи ве-де шеф на тоа обвинителство, но под директива и под плаштот на групата, на бандата, сето тоа искординирано преку Коцевски, поставија ве-де. Ако ме разрешат, постапката е чиста. Но до тогаш… А, во овој момент, имаме пречка, имаме законска пречка, за да има ве-де шеф на Вишото ЈО. Тоа е Наташа Крстевска Цалева, која потоа самата побара, на писмено, да ја разрешат. И што бидна со нејзиното барање? Никому ништо. Барањето уште е во Советот на ЈО. Самата Наташа Цалева, ја почитувам, добар обвинител, сета почит, самата поднесе барање да биде разрешена зашто знае дека е незаконски. Зашто надвор од здравиот ум е да поставиш ве-де во една институција кај што шефот уште постои. Да, така е. И таа си побара на писмено да биде разрешена.

ИЛИЕВСКИ: А ти си, дали си оддалечен од функцијата?

ХАЈРУЛАХИ: Да. Ама има заменик… Сега слушнав дека, наводно, не сум сигурен, дека Дарко Јакимовски е заменик на Цалева. Е, тој доаѓа од местото прв заменик на Гаврил Бубевски. Тоа е волшебниот круг, тоа е тоа што го зборувам цело време. Ним Вишото јавно обвинителство Скопје им беше тврдина која што требаше да се освои, за да можат да ја направат шемата. Од Ислам Абази, Гаврил Бубевски, Вишо јавно обвинителство и ЈОРМ. И тука за завршува шемата. Еве, да не бев јас во Вишото јавно обвинителство Скопје, ќе знаеше некој за предметот со бонусите од СЈО? Не. Одамна ќе беше заборавен тој предмет. А сега, во овој период од овие 9 месеци, можеме да замислиме што се е правено? Кој се предмет се забошотувал, така, молкум.

ИЛИЕВСКИ: Тоа може ли да биде предмет на ревизија?

ХАЈРУЛАХИ: Секако.

ИЛИЕВСКИ: Значи, просто, колку и да се корумпирани, а да мислат дека се моќни и тоа да се сокрие, не можат да спијат мирно.

ХАЈРУЛАХИ: Тие затоа ќе сакаат да продолжи статус-квото. Тие сакаат „чакарлија“ да биде. Знаеш што е „чакарлија“? Кога водата не е ни матна, ни бистра. Е, тогаш, најубаво се лови. Тие намерно прават така да биде за да можат да ловат. За да можат цело време на матно да ловат. Богдан, ние не знаеме за овој период од 9 месеци што се е правено во тоа Обвинителство, а не е било кое Обвинителство. Тоа е најголемото Обвинителство во државата. Тоа е Обвинителство со 96 обвинители. Тоа е Обвинителство што ја контролира работа на јавните обвинители од Скопје до Гевгелија. Ајде вака, еве, зборуваме неврзано, без теми, без ништо. Кажи ми, кога мене тоа ми се случува како втор човек во Јавното обвинителство, човек кој што води институцијата со 96 обвинители, кога мене ми се прави таква конструкција, кога мене ми се отвора предмет и истрага, со „рекла-кажала“ муабети како докази, тогаш што да очекува обичниот граѓанин: Па него, не да можат да му сместат предмет, да му смислат кривично дело, не да му спремат кривична пријава, него можат да го средат за час…

ИЛИЕВСКИ: Како спијат тие луѓе?

ХАЈРУЛАХИ: Тие мислат дека Коцевски ќе остане. Дека ќе се го истера мандатот. Еве и да остане. Нема 300 години да живее. Ама некој друг ќе дојде. Ќе каже, чекај, дај да видиме што се случува во ова Обвинителство. Дај да видиме во Штип што се случуваше со предметот на обвинителот Мустафа. Дај да видиме во Штип што се случуваше со предметот за кој што обвинителката Татјана Кацарова незаконито, Судот тоа го утврдил, држела човек во притвор 70 дена. Истата обвинителка, со истите незаконити постапувања што ги користеше кај мене. Намерно за други цели, бидејќи не бил тој адвокат што требало да биде. А со тој адвокат требало да делат нешто. Еве сега, види вака. За да биде појасно за јавноста. На пример, се случува кривично правен настан во Штип. За кривично дело насилство. Осомничен е „икс, ипсилун“ човек, така? Ок. Се отвора истрага, се бара притвор. Судот определува притвор. Со правна квалификација со која треба да има истрага. После извесно време, стигнува вештачење. Вештачењето вели дека не се работи за тешка телесна повреда, туку се работи за телесна повреда. Автоматски, уште истиот ден, јавниот обвинител треба да преземе дејствија со кои ќе се отстрани ова како пречка. Наспроти тоа, таа го држала него и покрај тоа што знаела дека не се работи за тешка телесна повреда, туку се работи за телесна повреда, А самото тоа предизвикува да има преквалификација по однос на кривичното дело кое што му се става на товар. Но, тоа не го прави, ви кажав, од лукративни причини. Бранителот на обвинетиот поднесува барање до судијата на претходна постапка, за да судијата на претходна постапка да ја оцени работата на јавниот обвинител по однос на конкретниот кривично правен настан. На крајот на краиштата, судијата е тој што внимава за твоите и моите права. Судијата е тој што треба да внимава за твоите основни човекови права. Судијата го бара предметот, го проучува предметот и на 16 јуни 2025 година, носи решение со кое што се уважува жалбата на бранителот и утврдува „незаконито постапување на јавниот обвинител Татјана Кацарова. Знаеш што значи ова? И ова решение е потврдено од Апелациониот суд во Штип. И знаеш сега што треба да направи Коцевски? Треба, прво и основно, да биде суспендирана. Ваква крупна професионална грешка е недозволива. Не зборуваме тука за морална одговорност, туку за законска. Законот јасен е во оваа ситуација. Таа во најмала рака треба да биде одалечена од функцијата, бидејќи е шеф на Основното јавно обвинителство во Штип, не е било кој обвинител, туку шеф на Основното јавно обвинителство. А таа уште го води предметот… Истите пропусти ги има направено и во мојот случај, само што, за среќа, не бев во притвор. Истите пропусти ги има направено и во мојот предмет. Види кои кардинални пропусти, каде што Законот за кривична поставка е јасен. Такстативно се наброени членовите во Законот за кривична постапка што треба да се направи при водење на една истрага. Таа сослушува наводно оштетен. Без мое присуство. Законот вели дека треба јас, како пријавен, да бидам присутен. Значи, тие треба да ме известат мене, дали јас ќе прифатам, тоа е друга работа. Но, да, мора да те информира. Да ме информира дека на тој и тој ден ќе има сослушување. И види сега што прави. Обвинителка која што може истовремено да се клонира на четири места. Го имаме и тоа. Значи, на записник за испитување на сведок. Види што прави. Испитува сведок. Почнува со испитување во 20 часот. Испитувањето завршува во 21 часот и 8 минути. 68 минути. Ајде сега вака, дали ова е во ред? На 5 ноември е ова. Е сега, истиот јавен обвинител сослушува друг сведок, оштетен, во 20 часот и 26 минути. На истиот датум, 5 ноември 2024.  Истиот обвинител завршува со сослушување во 20 часот и 58 минути.

Одиме понатаму. Истиот обвинител започнува со сослушување трет наводно оштетен, на истиот датум и почнува во 21.03 часот, а завршува во 22.23. Е, сега така, четвртата, наводно оштетена, Даниела Лапе, со неа започнува во 21.15 часот, а завршува во 21.55 часот. Кажи ми, дали е ова изводливо, дали е нормално? Дали може еден ист човек, во исто време да биде на 4 места. Гледаш како се поклопуваат времињата и решенијата. И види што е најинтересно. Записникот е воден од јавен обвинител, а записникот има три страни. Сум работел како јавен обвинител во основно обвинителство и сум водел записник. Почнува во 20.26 часот. Завршува во 20.58 часот. 32 минути, за водење записник. Знаеш што значи тоа? Просто неизводливо. Само за генералиите да се внесат треба половина час. И до кој заклучок доаѓаме со ова? Дека записниците се спремени однапред. Записниците се исчукани однапред и само однесени на наводното сослушување. И врз основа на вакви записници, мене ми се води истрага и врз основа на овие записници, Коцевски ме одалечува од работа. И види што е уште потрагично. Види го меморандумот на овој записник. И на овој. Исти се. А, дали овој записник е ист како претходниот? Не е. Така? Не е. Дали овој записник е ист како претходниот? Различни се. Овие се од различни места.

ИЛИЕВСКИ: Постојат ли начини ова да се исправи и дали си повел некоја постапка против обвинителката?

ХАЈРУЛАХИ: Да.

ИЛИЕВСКИ: Бидејќи тврдиш дека таа е инструмент на Коцевски, добила нарачка да…

ХАЈРУЛАХИ: Значи, поднесов кривична пријава против обвинителката и против дактилографот. За сторено кривично дело, фалсификување јавна исправа. Бидејќи записникот е јавна исправа. Записникот не е било како документ, за да може било кој така да се однесува со записник. Поднесена е кривична пријава од моја страна до судијата на претходна постапка. Поднесено е барање за да се види, односно да има судска контрола над законнитоста на дејствијата на јавниот обвинител. И овие записници, како доказ, во постапката да бидат издвоени, бидејќи се прибавени на незаконит начин. Ќе видиме судот што ќе одлучува. И ќе видиме овој обвинител, кој што држи незаконито 70 дена во притвор, како понатаму ќе тера со предметот. И дали Коцевски ќе преземе нешто. Коцевски заедно со Ристо Бојаџиски, кој што е виш јавен овбинител на Вишото јавно овинителство, Штип. Тој е шеф на Татјана Кацарова. Тој треба да ја викне и да види што се случува со неа.

А јас, на Кацарова и реков, ја прашав: Обвинителке, вие сте возрасни, пред пензија. Зошто во овие години вие преземате туѓа одговорност? Зошто вие да се вовлечете во играта на Гаврил Бубевски и СЈО? Зошто вие нивните пари да ги правдате? Ништо, молчи. А јас знам зошто молчи. Затоа што Коцевски и компанијата добро знаат како таа незаконито работи, како незаконито постапува. Исто и со Вјолца Елмази од Гостивар. Таа што во текот на судењето, си го смени предлогот за собраќајката што се случи во Тетово со смртни постели. Си го смени предлогот, сама со себе испадна контрадикторна. И таа беше председател на комисијата, на Дисциплинската комисија. И таа ќе работи и ќе прави се што ќе и каже Коцевски.

ИЛИЕВСКИ: Како функционира тој паразит во системот? Бара луѓе, ги внесува во беља и после со таа беља ги држи на краток ланец.

ХАЈРУЛАХИ: Да, така прави. Зошто мене не успеа да ме држи на кратокланец? Да, проба и мене да ме внесе во беља, ама не успеа. Ако успееше, ќе ме имаше и мене. И утре ќе те викне за некој друг предмет и ако не послушаш, ќе ти го извади ова. А такви ги има. Татјана Кацарова е еклатантен пример за тоа, Вјолца Елмази е еклатантен пример за тоа… Колку други има такви? Си играле со ѓаволот. И сега ѓаволот доаѓа по своето. Јас како дете пораснав на Матка, таму има многу и цркви и манастири, и се. И секогаш, постарите, ни велеа – на ѓаволот не му пали свеќа. Затоа што навечер ќе те намокри. Овие за жал на ѓаволот свеќа му палеле. И еве до каде дојдовме – 71 пратеник му изгласаат недоверба, а тој уште да ја врши функцијата. А зошто?

ИЛИЕВСКИ: Ти си ја знаеш твојата обвинителка, јас мојата. Мојата е веќе пензионирана, но таа во неколку наврати призна во интервјуа дека Зоран Заев како премиер се обидувал да влијае на нејзините одлуки. И таа не смета дека е тоа кривично дело.

ХАЈРУЛАХИ: Да, таа може да не смета, но Коцевски дали треба да реагира?

ИЛИЕВСКИ: И Јовевски пред него, апсолутно. Таа може да не смета, но нејзиниот шеф треба да реагира. По допрен глас. Зашто ако до тебе не допира глас од шеф на ЈО за организиран криминал, тогаш што допира? Тоа е еден пример. Друг пример е Зоран Јовановски-Челик, директор денес на затворот Идризово, исто во еден поткаст соопшти дека Добрила Кацарска, пресудата за „27 април“, на поротниците кои беа членови на Советот им ја донела пет минути пред да ја објави. Немало консултации, како што требало да има. И ја донела пет минути пред да ја прочита и објави и им ја покажала да ја видат. Се уште е уставен судија. За угледот, нека се поздрави со угледот, нели јавността знае?

ХАЈРУЛАХИ: За тој дел од судството, навистина немам никакви информации. И не би сакал да навлезам, да коментирам било што.

ИЛИЕВСКИ: Јас коментирам дека Коцевски треба да се заинтересира за тој случај.

ХАЈРУЛАХИ: Ама Коцевски има други интереси. Коцевски има многу поголеми интереси.

ИЛИЕВСКИ: Какви поголеми?

ХАЈРУЛАХИ: Е, па, да се шетаат осомничени со мерки на претпазливост, определени од судот, да можат да се шетаат низ бел свет. Па, после се враќаат во државата, како ништо да не било. Обвинител си, ти ги предлагаш мерките.

ИЛИЕВСКИ: Ама тој имал итна работа, матурска. А, Горан Ќосето ќе се моли за операција да може да направи.

ХАЈРУЛАХИ: Сум имал случај кога барале дозвола за лекување во странство, а судот не дозволи. А за екскурзии по бел свет е во ред. И на сето ова, Коцевски молчи. Дали знаете кој даде позитивно мислење од Вишото ЈО во Скопје? Бујрим Рустеми и Ајро. Истите од СЈО. Истите луѓе од СЈО. И сега што правиме? Дали ќе се освестат луѓето што ја водат државата, за секогаш ова диво месо да се тргне. Ова е пиреј, треба да се тргне. Пирејот не се трга со молење, се трга со корнење.

ИЛИЕВСКИ: Ако импровизираме, можеби свеста постои, бидејќи деновиве Ленче Ристовска е незадоволна.

ХАЈРУЛАХИ: Па, добро, може да биде незадоволна, Но еве под претпоставка да беше избрана за судија во Стразбур? И, ако еден ден се сменат работите, а ќе се сменат, нема ова вечно да трае, и предметот што е за бонусите се процесуира и има обвинение. И тогаш што правиме? Ќе испадне дека ова е банана држава, дека судија од Стразбург има активен предмет во судот.

ИЛИЕВСКИ: И кое е чарето?

ХАЈРУЛАХИ: Чарето е рез! Пирејот треба да се корне. Овие 10 души се пиреј.

ИЛИЕВСКИ: Колку време треба за ова да стане изводливо? Каква екипа треба да се формира, за да се истражат сите…

ХАЈРУЛАХИ: Богдан, еве, вака, од искусство, ти зборувам. Значи, за нив веќе има постапка. Ислам Абази се обиде на шверцарски начин сето тоа да го прикрие тоа што донесе решење за отфрлање на предметот за бонусите без да спроведе истрага.буквално како кражба на гулаби да било. Значи, носат таква одлука, предметот оди во аут, но поднесува подносителот жалба. Значи, Богдан, да се навратиме на тоа што кажав. Ова зло, овој пиреј лесно се решава. Ова е пиреј, само треба да се откорне. И Јавното обвинителство ќе стане институција што ќе биде почитувана. И Јавното обвинителство ќе се врати во нормала. Бидејќи, на крајот на денот Јавното обвинителство го брани интересот на државата, на сите нас, во секоја постапка. Со новиот закон, тој е доминус литус на постапката, почеток и крај. И не може тој јавен обвинител од СЈО, за секој од нив има постапка за по 100 и нешто илјади евра, не може тој јавен обвинител да гони некого за бензин, затоа што однел некој свој на аеродром со службен автомобил, а сме имале и такви случаи. Види го парадоксот. Јавниот обвинител за гонење на организиран криминал води предмет за лица кои што биле вработени, а не доаѓале на работа, а примале плата. Па, истите тие обвинители од СЈО, 4-5 години не одеа на работа и си земаа плата. И бонуси. Ајде да видиме и за нив, иако Советот ги распредели по матичните обвинителства. И рече, ти ќе одиш, избран си во Основно јавно обвинителство во Скопје, таму ќе работиш, избран си во Куманово, таму ќе работиш. Еве за Лиле Стефанова, констатирана е на записник за истиот предмет за кој што беше и вршеше надзор за поштенски банки, констатирана е на записник дека таа била претставникот на Јавното обвинителство, дека таа застапувала обвинение. Истата таа, потоа вршела надзор над својата работа. И никому ништо. И го трпам цела година Коцевски. Човекот нема институционална култура. Да зборуваш перверзии, кај што ќе стигнеш? И тој ќе ти води ваква институција, чувствителна институција. Работи за сосема туѓи интереси. Дај да го трнеме овој човек. Час поскоро, подобро ќе биде за државата.