Со месеци закани, со години рекет, стотици илјади евра исцицани преку страв и уцени – денес заврши!

Бирото за јавна безбедност удри прецизно и директно. Лице фатено на дело при примопредавање на 165.000 евра, пари кои биле резултат на долгогодишна изнуда. Акцијата е спроведена со судски налог, по насока на обвинителството и криминалистичка обработка.

Неофицијално се работи за лица од Арачиново од познатата фамилија Маслани кои беа и поврзувани и со криминалните банди Барон и Беланоца.

Полициското присуство во Куманово и Арачиново е видливо, а ова не е само изолиран случај. Извори на Курир.мк велат дека ова е порака, нема веќе „газди“ над законите. Нема веќе рекет врз чесни граѓани. Нема повеќе молк пред заканите.

Со ова полицијата уште еднаш секој ден, со секој чекор праќа силна и јасна порака до секој еден што мисли дека е над правото и законите.