Имам поширока слика дека мора да најдеме решение не само за КОВИД, туку и за ракот. Иронијата е што овој био-заштитен механизам BioShield функционира и за двете. И единствената шанса што ја имаме сега – затоа што немав поим дека политичката длабока држава е толку моќна и толку злобна и толку егоистична што ќе ја спречи добрата наука. Па сега зборувам јавно затоа што лекот беше одобрен. Но, тоа не е доволно само за рак на мочниот меур. Има ист ефект на лекување за рак на панкреас, рак на белите дробови, тројно негативен рак на дојка. Тоа е единствената молекула во последните 50 години што ги зголемува овие клетки кои го убиваат ракот. Точка. Алката што недостасува, вели во интерјуто со Такер Карлсон, д-р Патрик Сун-Шионг, научник, изумител на лекови против рак, кој тврди дека има решение и за КОВИД, и за сите видови коронавирус, но и дека во рацете ја има вакцината која го победува ракот.

Такер Карлсон:

Гледајќи наназад, дали мислите дека беше грешка што се бараше од луѓето да ја примат вакцината од Фајзер и Модерна ?

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Зависи од моментот. Мислам дека е неразумно да се продолжува со овие глупости. Не треба да го кажувам тоа. Треба да бидам внимателен кога го нарекувам глупост. Но идејата за создавање вакцина која ќе создава антитела, па потоа уште една вакцина за нови антитела, па трета доза за антитела… е како да си ја бркаш сопствената опашка. Не знам што точно спајк протеинот прави, но…

Такер Карлсон:

Сепак, тие вакцини не го елиминираат КОВИД од вашето тело?

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Не. А, дали создаваат уште поголеми варијанти во вашето тело (на КОВИД вирусот, н.з.)? Не знам.

Такер Карлсон:

Но, дали е тоа можно?

Д-р Патрик Сун-Шионг :

Ја разбирам идејата, но јас сум научник кој сака да ги извлече овие различни варијанти на вирусот и да ги секвенционирам. Тоа е она што го правиме.

Такер Карлсон:

Дали е теоретски можно?

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Теоретски е можно.

Такер Карлсон:

Дали може да има некаква промена во ДНК-та на една личност од вакцините и од спајк протеинот?

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Па, тоа е она што го прават.

Такер Карлсон:

Тоа е она што го прават и мРНА вакцините.

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Точно, се претвора во ДНК и се реплицира, и тоа е она што го прави. И реплицира РНА вирус.

Такер Карлсон:

Некој како вас кој е заинтересиран за еволуцијата, јасно му е дека промената на ДНК-та на еден вид значи промена на видот (човечкиот вид, н.з.) со текот на времето.

Д-р Патрик Сун- Шионг :

Не, не мислам дека се интегрира. Мојата загриженост е што овој вирус е посветен сам на себе. Тоа е многу себичен вирус. Всушност, фактот што сега е помалку смртоносен е во интерес на вирусот. Вирусот не сака да ве убие затоа што вие сте инкубаторот. Размислете за тоа. Вирусот ве сака живи.

Такер Карлсон:

Зборуваш на начин што сугерира намера и предвидливост.

Д-р Патрик Сун-Шионг :

Тоа е биологија. Тоа е еволуција. Сè е еволуција. Дали постоеше намера да се премине од полноглавец во човечко суштество?

Такер Карлсон:

Не знам. Но, да се има има нешто во вашето тело што дејствува против тоа тело…

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Да. Затоа што му треба да бидеш инкубатор. Значи, знаете, вирулентноста – кога е толку вештачки создадена – вирусот еволуира за да стане што позаразен. Тоа е едно нешто што се обидува да го направи како вирус. Мислам, овие вируси се живи организми. И кога велиме живи, тие немаат мозок или нешто друго, но имаат многу софистицирана машинерија. Тие имаат она што го нарекуваат промотори, итн.

Такер Карлсон:

Зошто некој би создал таков вирус намерно?

Д-р Патрик Сун-Шионг :

Во природата постојат вируси кои теоретски ќе поминат низ она што го нарекувате созревање, но тие вообичаено не ги заразуваат луѓето, не ве заразуваат. Тие не се специфични за вас. Специфични се за одредени други видови.

Такер Карлсон:

Точно така.

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Но, зошто тогаш некој би го променил тоа? И затоа овие студии за вештачко создавање вируси или за вештачко зголемување на нивната заразност меѓу луѓето се толку опасни. Затоа беа забранети.

Такер Карлсон:

Ова е толку самобендисано, очигледно злобно дури и да се игра со нешто такво, со потенцијалните последици – кои сега ги гледаме. Тринаесетгодишници добиваат рак на панкреас. Како би можел некој да го направи тоа? И зошто тие луѓе не се во затвор?

Д-р Патрик Сун-Шионг :

Па, вештачкото создавање вируси беше забрането во Соединетите Американски Држави.

Такер Карлсон:

Затоа соработувавме со лабораторијата во Вухан.

Д-р Патрик Сун–Шионг:

Да, така ја заобиколивме забраната. Ја поткопавме забраната. И сега сфаќаш зошто реков дека толку мал број на луѓе можат да им наштетат на толку многу луѓе. Како тие ја заобиколиле забрната – треба да откријат истражителите.

Такер Карлсон:

Но, мислам, ти си некој што создал лекови против рак, кој голем дел од својот живот го поминал во лабораторија. Затоа си милијардер. Значи, очигледно знаеш многу за оваа тема. И јасно ти е дека тоа е премногу опасно за да се прави, нели?

Д-р Патрик Сун- Шионг :

Да. Не можете да го контролирате. Бидејќи вештачки сте направиле афинитетно созревање за кое, инаку, би требало десетици, можеби и милиони години, во тој фузиониран протеин. Тие го создадоа овој фузиониран протеин, а потоа ја создадоа и оваа вакцина. Мислам дека Барни Грехам работеше со Колинс и беа толку горди што го создадоа овој RBD (receptor binding protein) и го направија стабилен. Размислете за тоа. Врвот на копјето, врвот на копјето (спајк протеинот, н.з.) што влегува во вашата клетка – ние ќе го направиме стабилен. Така е произведена оваа вакцина. Значи, сте земале вирус кој сега преминал од лилјаци кај човекот само поради ова зголемување на заразната функција. Потоа создадоа вакцина земајќи го предниот дел од копјето (шилецот, спајк протеинот, н.з.) на овој вирус што сега полесно влегува во клетката за да ја зарази и го направија предниот дел уште постабилен, и го ставија на вакцината велејќи: „Еве, почнуваме“.

Такер Карлсон:

Ова изгледа супер лудо. Значи, само од перспектива на лаик повторно – ако никогаш не сум имал КОВИД и сум ја примил мРНА вакцината, на пример вакцината на Фајзер, значи ако ја примив пред три години, дали можете да го детектирате КОВИД во моето тело и после три години?

Д-р Патрик Сун-Шионг :

Можеби. Знам еден случај – нема да ја именувам госпоѓата, но таа беше многу висок функционер во ФДА и ја прими мНРА вакцината. Тоа е тоа. И за неколку недели, доби замаглување на мозокот, губење на меморијата. Значи, постојат јасни докази дека понекогаш ефектот од вакцината е причина за проблемот, а понекогаш вирусот е причина. Значи, тоа е она што го велам. Не е меѓусебно исклучувачко. И сè се врти околу спајк протеинот.

Такер Карлсон:

Но, идејата дека ќе го внесете вирусот КОВИД преку вакцината во тело кое не е заразено со вирусот КОВИД е како…

Д-р Патрик Сун- Шионг :

Точно. Се насочија кон погрешен протеин. Со години ги молам да се насочат кон нуклеокапсидниот протеин, бидејќи нуклеокапсидниот протеин, кој се наоѓа во јадрото на вирусот, не е врвот на копјето. Ако Т-клетката го препознае, а ќе го препознае, ќе го помни 17 години – тоа го знаеме од претходните инфекции со корона вирусот. Но, тие одбиваат да го направат тоа.

Такер Карлсон:

Да.

Д-р Патрик Сун- Шионг:

Тие одбиваат да го сторат тоа.

Такер Карлсон:

Ова изгледа како човечка трагедија од незамисливи размери.

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Апсолутно. И тоа ме уништува.

Такер Карлсон:

Па, тоа е неверојатно потресно. И мислам дека си еден од ретките луѓе што сум ги сретнал, кој има апсолутен авторитет да зборува за ова. А сепак, не си бил охрабруван да зборуваш за тоа.

Д-р Патрик Сун-Шионг :

Да. Бидејќи не сум политичка личност и имам поширока слика дека мора да најдеме решение не само за КОВИД, туку и за ракот. Иронијата е што овој био-заштитен механизам BioShield функционира и за двете. И единствената шанса што ја имаме сега – затоа што немав поим дека политичката длабока држава е толку моќна и толку злобна и толку егоистична што ќе ја спречи добрата наука. Па сега зборувам јавно затоа што лекот беше одобрен. Но, тоа не е доволно само за рак на мочниот меур. Има ист ефект на лекување за рак на панкреас, рак на белите дробови, тројно негативен рак на дојка. Тоа е единствената молекула во последните 50 години што ги зголемува овие клетки кои го убиваат ракот. Точка. Алката што недостасува.

Такер Карлсон:

Навистина никогаш не си добил Ковид?

Д-р Патрик Сун-Шионг :

Никогаш не сум добил КОВИД.

Такер Карлсон:

Колку луѓе познавате кои не се заразиле со Ковид? Па, претседателот на Соединетите Американски Држави се заразил со Ковид околу четири пати.

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Значи, ако сте се заразиле со КОВИД, во вирусот има три антигени. Има спајк протеин, има нуклеокапсид и има нешто што се нарекува М протеин. И кога ќе направите крвна слика, можете да видите дали го имате М протеинот. Ако го имате М протеинот во вашето антител или Т-клетка, тоа значи дека потекнува од вирусот. Ако немате М протеин, потекнува од друго место. Може да потекнува од вакцината. Јас немам М протеин, а имам Т-клетки сврзани со N и Т-клетки сврзани со S.

Такер Карлсон:

Значи, практично би можеле да лижете клупа во парк и да не се разболите.

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Не, не го правам тоа… Значи, сега треба да ја разликувате, а не да ја мешате способноста на вирусот да зарази. Сè уште може да ме зарази мене, но моето тело има заштита – био-штитот – да го исчисти веднаш во рок од седум дена.

Такер Карлсон:

Дали ова е доживотна заштита?

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Па, врз основа на науката, од искуството со МЕРС 1, заштитата е 17 години.

Такер Карлсон:

МЕРС 1 беше оригиналната епидемија на коронавирус.

Д-р Патрик Сун-Шионг:

Точно. Седумнаесет години, оваа нуклеарна Т-клетка е таму. И можете да добиете бустер. Сега она на што работиме е универзална вакцина против коронавирус за сите коронавируси. Значи, она што го направивме, за време на моето геномско секвенционирање, ја градев целата машина, учев суперкомпјутерска мрежа, и ја користев National Lambda Rail за Божји честички, и изградив суперкомпјутери и вештачка интелигенција многу пред да постои вештачката интелигенција. И му го презентирав моделот на вештачка интелигенција на претседателот Обама. Значи, нашиот суперкомпјутер – се здруживме со Мајкрософт за да го имаме најголемиот облак од графички карти за време на КОВИД, и тогаш сме во можност всушност да ја разгледаме инфективноста на секој вид, секоја варијанта на КОВИД, во секој човек. Постои нешто наречено ХЛА, за да можеме всушност да видиме како вирусот мутира и ги избегнува Т-клетките. И единственото нешто што никогаш не можеше да го направи беше да го промени нуклеокапсидот и никогаш не можеше да ги избегне Т-клетките. Го направивме тој софтвер јавен. Сè уште е јавен и објавен за секој да може да тестира – врз основа на вашиот ХЛА, вашиот ХЛА и мојот ХЛА тип се различни. Постојат стотици и илјадници ХЛА типови – и врз основа на нив можеш да знаеш дали оваа секвенца, ако ја имате таа секвенца во вашето тело, би била заштитна. Преку тоа, развиваме она што го нарекуваме универзална КОВИД вакцина – биозаштитна Т, клеточна вакцина – и ја имаме. Но, како да го реализираме тоа? Знаете, една од моите идеи беше само да ја дадам на некого. Всушност, понудив да ја дадам на Regeneron и Amgen одамна, но тие беа премногу зафатени. Сите беа премногу зафатени за време на КОВИД. Па една од моите идеи беше јас всушност да одам во Институтот за серум во Индија и да кажам: „Еве, ве молам да го изградите ова и да го направите достапно за светот“. Како организација можеме да направиме само толку. А ние сме мала биотехнолошка компанија, во однос на Меркс и Фајзер. Но, тоа е мојата цел. Знаете, ресурсите што ми беа дадени беа како Божји дар. Верувам дека тоа ми овозможи да го направам ова.

Такер Карлсон:

Тоа е лудо.

Д-р Патрик Сун-Шионг :

Навистина е смешно, нели? Без лидерство, без вештини за лидерство и без информирано лидерство, ние како земја тргнавме по погрешен пат. И се надевам дека овие наредни четири години би можеле да го променат тоа.