Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, која е дел од автопатот Кичево – Охрид.
Посетата ќе се одржи на локацијата кај натпатникот Подмоље, каде што се одвиваат значајни инфраструктурни зафати во рамките на еден од најважните патни правци во земјата.
Како што соопшти владината прес-служба, по завршувањето на увидот, премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.