На денешната 66та седница на Собранието, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, говореше за предлогот да 0,95% од вкупниот број на запишани избирачи во изборната единица, бидат потребни за собирање на потписи.
Во меѓувреме на Комисијата за политички систем, прифатен бил и предлогот за 0,5% за собирање на потписи. Меѓутоа, ДУИ и за овој предлог бил против.
“Гласавме “За” и го поддржавме предлогот за 0,5%, со намера да покажеме дека не ни е важен процентот, туку ни е важен процесот, односно ставање правна рамка за одржување на регуларни избори, коишто се сосема различно од сите овие инсинуации и замислени противници коишто ги покажува Европскиот фронт”, рече Мицевски.
Пратеникот истакна дека на ДУИ не им е грижа за независните кандидати, туку си тераат своја политика која не е ни тема на денешната седница.
“Вас целта ви е друга, да се преставите пред вашите гласачи дека некој прави нешто против вас, а суштината е многу едноставна. Независните кандидатури за градоначалници и советнички листи да може да учествуваат на локалните избори, но вие го укинувате тоа”, посочи Мицевски.