Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата.

Како што информира Трипуновски преку својот фејсбук профил, прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска пченица за стоковни резерви.

-Денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска пченица за стоковни резерви – 9 000 тони меркантилна пченица од реколтата 2025 година по цена од 13 денари по килограм (без ДДВ). Продолжуваме да работиме за уште поголема поддршка на земјоделството, наведува министерот.