Запрашан од страна на новинарите, а во врска со експанзијата на фирмите кои што нудат брзи кредити, премиерот Христијам Мицкоски истакна дека за многу скоро ќе излезат со законско решение по однос на ова прашање.
-Како Влада работиме на два проекти, едниот е новиот Закон за „Игри на среќа“ каде што ќе има огромни измени, а следне проект е токму ова што бие го кажавте (Брзи кредити), некако случајно до казината кои што ги гледаме, веднаш до нив никнуваат ваков тип на компании за брзи кредити. Дали е тоа случајност? Јас сум убеден дека не е. Најголемиот дел од грѓаните, односно дел од граѓаните кои во суштина имаат финансиски проблеми, а дел од нив одлучуваат да одат надвор од Македонија се токму тие кои што се корисници на ваков тип на услуги, така да многу внимателно госледиме процесот и многу скоро ќе излезиме со такво законско решение затоа што мислиме дека иднината не треба да биде во таа насока на една здрава нација и една здрава држава каква што амбицира да креира оваа Влада, изјави премиерот Мицкоски.