Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија вчера во 18:35 часот на автопатот „Пријателство“, кај гевгелиското село Милетково,  го лишиле од слобода Г.Ј. (36) од Штип.

При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека Г.Ј. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.