Димче бидејќи си универзитетски професор би требало да имаш познавања дека локални избори не се споредуваат со парламентарни, туку со локални. И да си гледаш ти како да добиеш повеќе и 5 отсто гласови затоа што ти си најголемиот хендикеп на Левица.

Ти си хендикеп на партијата во ваква констелација кога СДС е тотално растурена партија без компас и со багаж на криминал и предавства кои се заштитен знак на нејзините први луѓе. Мајсторија е во вакви околности Левица да се бори за 5 проценти гласови. Толку е умешноста и знаењето на Апасиев, чија нестабилност и неуротичност ја гледаат граѓаните и затоа не му даваат доверба.

Што се однесува до гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе видат убаво на овие избори на секого каде му е местото.

Граѓаните ќе кажат јасно и недвосмислено кој е нивниот избор.

Истовремено наместо да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, Димче нека се потруди да најде кандидати за градоначалници и советници, затоа што сите му се откажуваат бидејќи веќе го имаат и него прочитано.

Борбата меѓу неговите е во две три општини да бидат на прво место за да влезат во совет, за потоа да може некој како Стефче Јакимовски, што има најави во Карпош да им ги отвори хоризонтите и претприемачкиот дух и да се нудат на пазарот.

Тоа е борбата во Левица.

Затоа Димче занимавај се со себе си, а после избори број внимателно колку ќе освојат градоначалниците и листите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи однапред знаеме колку ќе освоиш ти.

Маргиналноста на Димче е најголем негов проблем во личната перцепција на работите. Тој е гледа себе си како војсководец на сериозна сила, а сепак реалноста е дека најблиските соработници му одбиваат и кокетираат со кого ќе стигнат. За таквите има и име, ама Димче си знае универзитетски професор е ќе сфати.

https://www.facebook.com/share/p/16s3utnQQv/?mibextid=wwXIfr