Бујар Османи и ДУИ повторно ги извртуваат тезите. Албанците не биле и не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да се прикажува како единствен претставник на Албанците. Волјата на граѓаните, Македонци, Албанци и сите други – јасно покажа дека криминалната структура на Али, Артан и Бујар припаѓа на буништето на историјата, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на Османи, што МИА ја пренесува интегрално.
Зошто да не може аргументирано да се соголува криминалот на ДУИ?
Дали тоа е забрането?
Значи ли тоа дека за Бујар, Али, Заев, Филипче и другите корумпирани колеги важат други правила – дека ним сè им е дозволено?
Тие што така мислеа, денеска се таму каде што им е местото, во опозиција.
Кога ДУИ се фатени во криминал и корупција, тоа не е напад врз Албанците, туку разобличување на мафијашката мрежа која ја користеше етничката карта како параван.
Јасно е: криминалот не се исплати повеќе!
Следува одговорност!
Народот избра промени и еднаквост, а не корупција и клиентелизам.
ДУИ може да се крие зад етнички знамиња, но од правдата и од народната пресуда нема да се скрие.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива