На забавата, Меланија, се дружеше со амбасадорот на ОН, Паоло Замполи и неговата убава сопруга.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, честиташе Нова година преку социјални мрежи, но, на фотографијата што ја објави се гледа дека таа исекла едно лице. Многумина претпоставуваат дека се работи за нејзиниот син, Барон.
Меланија за Нова година организираше бал во Флорида, додека Трамп остана во Белата куќа.
Нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, исто така, честиташе Нова година, во својот препознатлив стил.
„Среќна Нова година на сите, вклучувајќи ги и хејтерите и медиумите кои објавуваат лажни вести. 2019 година ќе биде фантастична година за оние кои не страдаат од синдром понижување на Трамп. Само смирете се и уживајте во возењето, прекрасните работи се случуваат во нашата земја”, напиша американскиот претседател.
HAPPY NEW YEAR TO EVERYONE, INCLUDING THE HATERS AND THE FAKE NEWS MEDIA! 2019 WILL BE A FANTASTIC YEAR FOR THOSE NOT SUFFERING FROM TRUMP DERANGEMENT SYNDROME. JUST CALM DOWN AND ENJOY THE RIDE, GREAT THINGS ARE HAPPENING FOR OUR COUNTRY!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 1, 2019