Во хрватскиот град Карловац попладнево околу 16 часот почнало силно невреме, чиј интензитет несмалено траел околу еден час, што предизвикало застој во сообраќајот поради поплавени подвозници, а поплавени се и повеќе приземни простории.
Градоначалникот на Карловац, Дамир Мандиќ соопшти дека поради невремето на терен се излезени пожарникари и припадници на комуналните служби, за да помногнат таму каде што е најпотребно.
– Според првичните информации во Центарот 112, слевањето на голема количина вода низ стрмниот дел на Карловац не предизвикало одрони, но буицата донела големи колични од земја и кал на улицата во квартот Махично, соопштија од центарот.
Полицијата нема јавувања за сообраќајни незгоди предизвикани од невремето, туку само за потешкотии во сообрачајот, па на повеќе места поради поплавени делови имало вонреден режим на сообраќајот.