Деновиве следиме радикална кампања од страна на ДУИ во Бутел. Под знамиња на УЧК држат говори во кои повикуваат да не се гласа за македонец само заради етничка припадност.

ДУИ деновиве врши голем притисок на албанци кои јавно даваат подршка на Дарко Костовски заради рршавање на децениски проблеми во места каде што живеат и албанци, како: носење градски Водовод во Љуботен, изградба на Поликлиникс, изградба на нова градинка цо Бутел 2, ново училиште во Визбегово и тн.

Оваа националистичка реторика нема да не однесе никаде, граѓаните одбираат развој и проекти. Времето на голиот национализам е одамна заминат во историјата.

Според анкетите Костовски во Бутел доминантно води со 26%, Противкандидатите од СДСМ и ДУИ со 5% и 7% рејтинг.