Кандидтот за градоначалник за општина Кратово, Тодорче Николовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги најави приоритетни проекти за општината.

Приоритетни проекти:

„Реконструкција на стара училишна зграда (Стаклара)

Проектот ќе опфаќа реконструкција и адаптација со пренамена на старата зграда во мултифункциски центар со функција за развој на туризмот.

Промена на кров, нова фасада, столарија, електрика и водоводи, инсталации и ентериерно уредување.

Приземјето ќе биде адаптиран во: простор за културно уметнички и туристички намени (изложби и сл), сувенирница, библиотека.

Првиот кат ке биде сала за состаноци, 3 канцеларии, изложбен простор, конференциска сала, етно соба за прием и сл.

Третиот дел од истата зграда ќе биде наменет за сместувачки капацитети (апартмани) во функција на четирисезонски туризам“, објави Николовски.

Заокружи 9 за Кандидатот за Градоначалник Тодорче Николовски. Заокружи 9 за Листата на советници, носител Љупчо Спиров, потенцира во објавата .