Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека украинските специјални служби дејствуваат на унгарска територија со поддршка на Брисел, со цел да влијаат врз внатрешната политика на земјата.
Во интервју за порталот „Хетек“, Орбан рече дека унгарските безбедносни служби ги следат овие активности и преземаат мерки за заштита на државата.
Тој истакна дека Брисел и Киев дејствуваат заедно за да ја ослабат унгарската влада и да ја поддржат опозицијата, но нагласи дека национално ориентираната влада ќе спречи секаков обид за кршење на суверенитетот.
Орбан, исто така, рече дека Унгарија има право да не сака сојуз со Украина, ниту во воена, ниту во економска смисла.
Според него, иако повеќето земји од Европската Унија го поддржуваат пристапувањето на Украина, Унгарија се спротивставува на тоа и нема да даде согласност за проширување на Унијата во оваа насока.
Премиерот потсети дека на самитот на ЕУ во јуни нагласил дека ниедна одлука за европската интеграција на Украина не може да биде правно валидна без согласност на Унгарија.
Тој додаде дека, според резултатите од националното истражување, дури 95 проценти од Унгарците се противат на влезот на Украина во Европската Унија.