По повеќе децении празни ветувања едно од најголемите барања на жителите на населба Радишани е реалност, објави актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат.

⛲ Мега паркот се простира на површина од 10.000 m2.

Големиот плоштад и пешачките патеки се на површина од 4.000 м2.

🏟️ Големо детско игралиште за најмалите со модерни реквизити и мека подлога се една од главните содржини на паркот.
💡 Целиот парк е осветлен со модерно лед осветлување.

🌳🌷 Паркот има и голема површина на зеленило кое се протега на 6.000 м2 за сето ова убаво да изгледа. Поставен е и посебен систем за наводнување.

💰 Вкупна вредност на проектот е 19.993.529,00 денари.
😊 Моите сограѓани го добија тоа што го чекаа со децении.
☝️ Убеден сум дека ова ќе биде ново централно место во населба Радишани на кое сите ќе се собираме и ќе се дружиме.

Продолжуваме да креираме иднина, преку дела кои граѓаните на општина Бутел ги заслужуваат!