Тројца карабинери и најмалку десет војници и полицајци се повредени во експлозија што се случи за време на вчерашната полициска операција во село Кастел Д’Акано, во италијанската покраина Верона.
Според првичните информации, експлозијата се случила во текот на евакуација на двокатна селска куќа, во која биле три лица. По експлозијата куќата се урнала, затрупувајќи ги припадниците на безбедносните сили.
Помеѓу повредените е и една жена од куќата, за која се претпоставува дека ја предизвикала експлозијата.
Сè уште не се познати мотивите за подметнување на експлозијата.