ИРЛ му направија „мечкина услуга“ на СДСМ. И тука нема назад, потенцира универзитетскиот професор и поранешен прв антикорупционер Воислав Зафировски во „За или против“ со Љупчо Цветановски. Вели дека треба да бидемена чисто дека никој не може да ме убеди дека во приказната со Кочани не се инволвирани голем број луѓе од претходната владејачка гарнитура, не само на локално, туку ина централно ниво.
-Дефинитивно, локалниве избори протекуваат низ една валкана кампања каде што сите средства, сите оружја се користат за да се дискредитира и девалвира на локално ниво, да се девалвира и дискредитире и се што е постигнато на централно ниво, и за жал, се злоупотребува судбината на загинатите од 16-ти март во трагедијата во Кочани. Тоа им е главниот адут во обидот да дојдат до глас повеќе. Целата таа приказна е јалова од аспект на тоа што знаеме дека се спроведе една обемна, детална и длабинска истрага која на површина исфрли голем број на луѓе кои се одговорни и против кои е поднесеноп обвинение.
Зафировски потенцира што секогаш, сите т.н. „свиркачи“ на СДСМ, како и во случајот со ИРЛ со нецелосната сторија за „Пулс“, се на високи позиции и дека сега треба да одговараат за изнесеното од ЈО, притоа алармирајќи и на фактот дека со ова се загрозуваат доказите во постапката.
-ИРЛ му направија „мечкина услуга“ на СДСМ. И тука нема назад. Мислам дека никој не може да ме убеди дека во приказната со Кочани не се инволвирани голем број луѓе од претходната владејачка гарнитура, не само на локално, туку ина централно ниво. Тука да сме на чисто, вели безбедносниот експерт.
-Прашањето е она кое го поставивте со право – Дали е платена казната или не е? Во разговорот се вели дека е интервенирано кај бившиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и ако казната не е платена – што сакате повеќе? Или има ли поголем доказ од тоа? Доказ дека луѓе од највисоките кругови на централната власт на СДСм се директно инволвирани во матните работи во оваа држава, заклучува универзитетскиот професот Зафировски.