Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот на ДУИ од Струга даде градежна дозвола за објект до куќата на Владо Малески и ја загрози истата со нејзино уривање. Криминалот на ДУИ и неадекватното работење прави штета по државата секој ден. ЈО мора да постапи и отвори истрага. Очекуваме одговорност за штетата. Се надеваме дека Министерството за култура ќе направи се да ја поправи штетата направена од ДУИ и ќе ја обнови куќата на Владо Малески, истакнуваат од владејачката партија