Познатиот фудбалер, Мергим Дани јавно реагираше на социјалните мрежи по навредливите зборови што, според него, ги упатил Фатмир Дехари кон неговата сестра во објавените скандалозни аудио снимки кои протекоа во јавноста. Во својата објава, тој нагласува дека не станува збор за политичка реакција, туку за семејна и морална одбрана.
-Иако на спортистите не им прилега да пишуваат за политика, ова е мојата прва објава. Но ова повеќе не е политичко прашање, туку семејно и морално прашање. А кога се навредува семејството, секако дека нема да седиме со скрстени раце, напиша тој.
Во својата реакција, тој додава дека семејството Дани е дел од историјата и придонесот во земјата, и дека не може да биде понижувано со навредливи зборови од никого.
-Семејството Дани е дел од историјата и придонесот во оваа земја и не може да биде понижувано со навредливи зборови од никого, а уште помалку од некој како тебе. Фатмир Дехари, со зборовите што ги употреби, од денес избра да станеш непријател на моето семејство, порача фудбалерот.