Кандидатот за градоначалник од редовите на владејачката партија за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео со кое ги потенцира капиталните проекти за Скопје.

Тој потенцира дека е време градот да биде зелен и еколошки, со многу паркови, зелени површини и средени кејови.

-Го имате мојот збор, доаѓа време кога сите ќе живееме подобро. Скопје го правиме заедно, објави Ѓорѓиевски.