Вкупно 17.100 гласачи или 27 отсто го оствариле своето гласачко право за избор на градоначалник и членови на советот во Општина Струга до 15 часот, информира претседателот на Општинската изборна комисија Минит Жута.
Изборниот ден во Струга, според него, тече мирно.
Во Вевчани излезноста е над 51 отсто од вкупно 2.090 гласачи до 15 часот, истакна претседателката на Општинската изборна комисија Менче Кукоска, додавајќи дека изборите течат во најдобар ред.
Во Струга се гласа на 101 избирачко место, а граѓаните избираат меѓу девет кандидати за градоначалник и 10 советнички листи. Во Вевчани се избира меѓу тројца кандидати за градоначалник и четири листи за советот.