Во случајот со Прилепската болница, судот им определи притвор до 30 дена на шест лица, на 19 мерка за претпазливост, а на седум фирми забрана за учество во постапки за јавни набавки, потврди за МИА претседателката на прилепскиот Основен суд Јасмина Шишковска.
Од шесте лица, четворица се од болницата, дел од поранешното раководство, а две лица се надворешни. Четворица од шесте осомничени – мажи притворот ќе го издржуваат во Затворот во Битола, а две жени во затворот во Шутка.
Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори истрага за вкупно 32 физички и правни лица.