Нова силна вулканска ерупција синоќа ги принуди спасувачките екипи да ги запрат потрагите околу вулканот Фуего (Оган) во Гватемела, 48 часа по првата ерупција, каде според последните информации загинале 73 лица, додека по 200 исчезнати се трага.
Официјалните претставници на Гватемала потврдија дека се загинати 73 лица како резултат на националната катастрофа. Шефот на спасувачката операција изјавил дека се уште се трага по 193 исчезнати лица. Покрај тоа уште 46 лица се повредени, додека 3.271 лице веднаш ги напуштиле своите домови по вулканската ерупција. Вкупно повеќе од еден милион се директно или индиректно погодени од вулканската ерупција кој исфрли пепел во висона од 10.000 метри. Инаку самиот вулкан е планина висока 3.763 метри.
Повторната ерупција само ја зголеми тешката состојба во која се наоѓа погоденото подрачје. Спасувачите велат дека доколку се најдете во близина на лавата е многу тешко да се извлечете жив, зашто таа е жешка, содржи опасни гасови и брзо се движи. Некои од спаувачите навеле дека можеби има лица кои се целосно изгорени и кои никогаш нема да бидат пронајдени.
Гватемала се наоѓа на самиот врв земји во светот кои се најпогодени од природни катстрофи.