Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека цената на влезниците за пријателскиот натпревар што нашите ракометари ќе го играат против Јапонија во Куманово ќе се продаваат по цена од 100 денари. Влезниците ќе се продаваат на online платформата на mktickets.mk.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров денеска имаа собир во рамки на неделата на ЕХФ, а ќе тренираат во Скопје.
Нашата најдобра ракометна репрезентација воедно ќе биде домаќин на Јапонија и на уште еден натпревар што ќе се игра во Скопје на 30.октомври, но овој дуел ќе биде од затворен карактер.
Почетокот на натпреварот во Куманово што ќе се игра на 1.ноември (сабота) е во 16 часот.




