Денеска присуствував на одбележувањето на 80-годишнината од Обединетите нации, настан што нè потсетува на значењето на мирот, солидарноста и заедничката работа, напиша на Фејсбук генералниот секретар на владата, Игор Јанушев.

Чест е да се биде дел од овој момент што ја нагласува важната улога на ОН во развојот и напредокот на Македонија и целата меѓународна заедница. Овој јубилеј не е само поглед кон минатото, туку и потсетник на нашата обврска да продолжиме да го градиме општеството врз принципите на соработка, еднаквост и почитување на човековите права. ОН со децении се важен партнер на Македонија, придонесувајќи за развојот, стабилноста и напредокот во многу области. Затоа денешниот настан е можност да ја препознаеме вредноста на ова партнерство и да ја зајакнеме нашата заедничка посветеност кон одржлива и инклузивна иднина, истакна Јанушев.