Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л. (26) од селото Џепиште поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела грабнување и полов напад и силување, како и против Е.В. (18) од селото Отишани, поради сомнение за сторено кривично дело грабнување,“ информираат од МВР.
Според полициските информации, на 6 ноември 2025 година околу 19 часот, двајцата осомничени насилно ја извлекле 30-годишната жена од дворот на нејзината куќа во село во Дебарско и ја внеле во возило „Ауди“, управувано од Е.В.
Потоа се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде што А.Л. физички ја нападнал, при што оштетената изгубила свест, а тој потоа ја силувал.




