По подолг период на анализа, Кренар Лога објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што досега ги извршувал во Алијансата за Албанците.
-По подолг период на анализа, одлучив да се повлечам од партискиот живот и од сите функции што досега сум ги извршувал во Алијансата за Албанците, Објави Кренар Лога, поранешен министер за правда од редовите на Алијанса за Албанците од веќе сега крилото на Зијадин Села.
Ова не е лесна одлука за мене. Имав чест да запознаам верни и неуморни соработници, како и такви што не го издржаа долгиот и предизвикувачки пат.
Во изминатите десет години имав можност да запознаам посветени луѓе и пријатели. Заедно поминавме низ битки што оставија трага во нас.
Моја благодарност за поддршката од членовите на Алијансата за Албанците, на кои им упатувам искрена благодарност. Не ги заборавам ниту гласачите на ЕФ и на НАИ.
Јас сум израснат во семејна, политичка и патриотска средина; роден во семејство кое избрало опстанок понекогаш преку земјоделство, а понекогаш преку печалба, единствено за да може полесно да се спротивстави и да се соочи со југословенскиот режим. Израснав меѓу двајца браќа кои останале без имиња до прво одделение, бидејќи режимот не дозволувал „иредентистички“ албански имиња; израснав опкружен со фамилијарни политички затвореници, прогонувани, воспитан со духот на националната преродба и патриотизмот – дух кој секогаш ќе ме поддржува, без оглед на улогата што животот ќе ми ја понуди.
Македонија заслужува да се издигне како слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани. Многу предизвици се надминати, а многу други сè уште треба да се надминат. Ни останува заедничка обврска, како Албанци, Македонци, Турци, Власи, Бошњаци и други, да ја изградиме оваа земја како дом за сите.
Ќе продолжам да бидам меѓу вас, но отсега во еден послободен и независен пат – како солист.
Со почит и благодарност, Кренар Лога, пишува поранешниот министер за правда.




