Сенатор Џон КЕНЕДИ
Пред 7 недели земјата мирно си пловеше, гледајќи си ја својата работа. Нашиот буџет беше пред истекување, но разговаравме со демократите за преговори за нов.
И одеднаш, во последен момент, сенаторот Шумер дојде кај нас и рече:
„Ќе престанам да преговарам. Ќе им кажам на моите луѓе да гласаат за затворање на владата освен ако ми дадете 1,5 трилиони долари (меѓу кои и 3,9 милиони долари за ЛГБТ проекти на Западен Балкан, н.з.). Целосно ќе ги отстраните важните делови од нашиот главен предлог-закон и ќе ги продолжите субвенциите на Обамакер (што значи 500 милиони долари за здравствена заштита на нелегалните имигранти, н.з.)“.
Попрво би сакал да направам колоноскопија отколку да гласам за нешто такво. И моите колеги се сложуваа. Па му рековме на Чак: „Чак, одговорот е не“. И неговите барања, мораше да имате табела во Ексел за да ги следите. Беше толку несериозно.
И така, само седевме таму и не се откажавме од ништо. И на крајот тој мораше да оди кај пет или шест свои колеги за да ги натера да го спасат. И затоа сме таму каде што сме.



