Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека е објавен Јавен повик за доделување вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди.

Андоновски во објавата на фејсбук потенцира дека според ветувањето на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, објавен е јавниот повик од Владата за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер.

Кој има право да аплицира?
Сите студенти на прв циклус студии државјани на Република Македонија;
Запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата;
Не постари од 29 години на денот на објавување на повикот.

Рок и број на ваучери
Апликации се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20 декември 2025 и/или до исцрпување на ваучерите.
Вкупно 55.000 вакви ваучери ќе бидат доделени.
Аплицирај сега и обезбеди свој уред за учење!

Чекори за аплицирање за студенти кои се во евиденција на МОН (линк до услугата: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5980)

  1. Студентот се најавува на uslugi.gov.mk и ја поднесува апликацијата за услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“.
  2. Во процесот на аплицирање не е потребно прикачување документи. По успешно поднесување, системот генерира документ – Вредносен ваучер.
  3. Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишување на Изјава за искористен ваучер (во продажниот салон на економскиот оператор), студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор, најдоцна до 31.12.2025 година.

Чекори за аплицирање за студенти кои НЕ се во евиденција на МОН

  1. Доколку при аплицирањето системот утврди дека студентот не е во евиденција на МОН, тој автоматски добива известување и линк кон посебната услуга:
    „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за набавка на електронски уред за студенти кои не се во евиденција на МОН“, каде треба да продолжи со апликацијата до 20.12.2025 година.
  2. Во овој случај, студентот е должен да прикачи потврда за редовен/вонреден студент, издадена од високобразовната установа во која е запишан.
  3. По успешно комплетирање на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер.
  4. Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор најдоцна до 31.12.2025 година.

Економски оператори за реализација на ваучерите:

zapocna-apliciranjeto-za-elektronski-vauceri-za-studenti-preku-nacionalniot-portal-za-e-uslugi-file-pt7c.pdf

Министерството за дигитална трансформација ги охрабрува сите студенти да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност преку Националниот портал за е-услуги.