Рекорден број посети се регистрирани во 2018 година на античкиот град Троја штро се наоѓа во округот Чанаккале, во Турција.
Местото е посетено од повеќе од половина милион луѓе во минатата година што е најголем број за поселдните 10 години.
-Над 530.000 луѓе го посетиле древниот град во 2018 година, и според Кемал Докуз, директор за култура и туризам во Чанаккале, тоа е рекордна бројка за изминатите 10 години.
Турското Министерство за култура и туризам ја прогласи 2018. за „Година на Троја“, за да одбележи 20-годишнина од вклучувањето на античкиот град на листата на Унеско на светско културно наследство.