Повеќе од две години таинствен и потенцијално штетен звук снимен во американската Амбасада во Хавана ги збунува властите. По долго слушање на продорниот звук, десетина американски дипломати се разболеа со симптоми – од главоболка, болки во ушите, вртоглавица, мачнина, па се до губење слух.

Случајот е наречен „звучен напад“, а се сомневаа на одредено ултразвулчно оружје со микробранови. Многумина дипломати беа повлечени од американската Амбасад во Хавана и вратени дома.

Еден од тие „напаѓачки“ звучни записи објавија и американски медиуми.

Но, се чини дека на крајот американски политичари и диломати ќе се посрамотат.

Двајца научници тврдат дека чудниот звук снимен не е ништо друго туку звук на штурци.

Биолозите Александер Стуб од Универзитетот Беркли и Фернандо Монтеалегре од Универзитетот во Линколн тврдат дека на снимките се слушаат локални видови штурци во сезона на парење.

Споредени се бизарната снимка и снимка од штурец во природа, и двата звука се идентични „до детали“, со ист ритам и фрекфенција. Единствените разлики може лесно да се објаснат – дипломатите снимале од зградата, а биолозите во природа.

Биолозите тврдат дека звукот нема ништо со симптомите на дипломатите.

– Она што го објави Асошиејтед прес се дефинитивни штурци, знаеме дури и кој подвид е во прашање, изјави Стубс.

Резултатите од студијата беа претставени на годишен собир на американското Друштво за интегративна и компаративна биологија.