Долгогодишната шведска ракометарка, левото крило на француски Брест, Луиза Санд реши да ја прекине спортската кариера за да си го смени полот.

– Има причина зошто се одлучив на овој потег. Се надевам дека сите ќе ја почитуваат мојата одлука. Време е навистина да почнам да го живеам мојот живот. Во последно време се чувствувам многу лошо и ги знам причините за тоа. Родена сум во погрешно тело. Никогаш не сум се чувствувала како јавна личност, но сега ми е јасно дека ова нема да мине без да привлече внимание. Решив да свртам нов лист и ќе го преживеам сето тоа, изјави Санд.

Пред да замине во Франција, таа играше за шведскиот клуб ИК Савехоф.