Леси Браун од Охајо стара 114 години, за која се верува дека беше најстарото лице во САД, почина вчера, објави нејзиниот внук Роналд Вилсон.

Леси живееше со нејзината ќерка во крадот Кливленд Хајтс, а велеше дека нејзиниот живот е толку долг поради Божја волја, а членовите на нејзината фамилија толкава долговечност ја припишуваат на диетата базирана на слатки компири која таа ја практикувала, пренесува Асошиејтед прес.

Леси е родена во 1904 година во Џорџија и одраснала на фарма.

Таа се преселила во Кливленд со семјството кога имала 18 години, а подоцна со нејзиниот сопруг имале пет деца.

Леси станала најстаро лице во САД од 9 мај 2018 година, кога починала 114-годишната Делфина Гибсон од Хантингдон во Пенсилванија, наведува американската агенција.