Денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и Елена Симоновска, претседателка на здружението отвораме канцеларија на Здружението на граѓани ВМРО-ДПМНЕ во Тирана, информира генералниот секретар на владејачката партија, Ѓорѓија Сајкоски.
-Горди сме што нашиот глас, идеи и активности продолжуваат да се шират и надвор од границите. Ова е уште еден чекор кон посилно поврзување со нашите граѓани, поддржувачи и пријатели. Заедно создаваме поцврста иднина и силна поддршка за сите наши граѓани каде и да се, истакна тој.




