Премиерот Мицкоски од Албанија испрати порака до властите во Бугарија да се огледаат на тие во Тирана.
-Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел, посочи Мицкоски.




