Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го именува секретарот на американската армија Даниел П. Дрискол за нов специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина.
Дрискол како дел од американската делегација составена од високи воени претставници беше во посета на Киев пред два дена, при што се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Планирано е Дрискол кон крајот на идната недела да ја посети Москва, каде со претставници на Кремљ директно ќе разговара за деталите на американскиот мировен план за Украина.




