Во поголемиот дел од Хрватска денеска паѓа снег, пораби што се затворени повеќе магистрални и регионални патишта, а во регионот на Риека прогласен е црвен метеоаларм.
Поради снегот патиштата се влажни и лизгави, а поради ниските температури можна е појава на голомразица.
На Јадранската магистрали и другите патишта издадено е предупредување од евентуални одрони.
Снег паѓа во Горски Котор, во централна и северозападна Хрватска, Славонија и во Далматинска Загора.
Поради лоши временски услови во прекин е и поморскиот сообраќај.




