ОСОСК на ден 25.11.2025 година во координација со ОЈО Скопје превзема службени дејствија претрес на дом и други простории во Скопје, Куманово и Тетово поради сомненија за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ во текот на 2021-2022 година од страна на овластени службени лица во Агенција за стоковни резерви, Агро берза, МЗШВ и вешто лице поради прибирање на докази кои ќе послужат во понатамошната постапка.
Лицата со неизвршување на својата службена должност придонеле да се изврши отпис на 1.500.000 кг меркантилна пченица и 500.000 кг јачмен од државните стоковни резерви со што причините штета на буџетот од околу 780.000 евра.
- НИМЕТУЛА РАМАДАНИ заради основи на постоење на кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од 353 од КЗ во својство на службено лице – раководител во АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ Скопје.
- РЕСИ АБДУРАХМАНИ заради основи на постоење на кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од 353 од КЗ во својство на овластено лице – Директор на АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ Скопје.
- ТОНИ КАНТУРСКИ заради основи на постоење на кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од 353 од КЗ во својство на службено лице – раководител во АГЕНЦИЈА ЗА СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ Скопје.
- ТРАЈАН ДИМКОВСКИ „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од 353 став 4 од КЗ во својство на овластено лице – заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- МИЛЕ ПЕШЕВСКИ „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од 353 став 4 од КЗ во својство на службено лице – вешто лице при биро за процена од областа на земјоделството.




