Во парискиот регион денеска е уапсено лице осомничено за грабежот во музејот Лувр.
Весникот Паризиен (Le Parisien) пишува дека тоа лице, четврто уапсено во врска со грабежот, е веќе познато на полицијата и се верува дека е поврзано со преостанатите тројца веќе уапсени и обвинети за ова злосторство.
Како што се наведува, потрагата по украдените скапоцености сè уште трае.




