Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека идниот лидер на Вреди ќе се бира меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. , објави 4NEWS.mk „Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија“, рече Меџити.
25.11.2025.




