Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на земјите од регионот, денеска во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа кои се дел од иницијативата SEDM – South East Defence Ministerial.

На состанокот, како што, соопшти Министерството за одбрана, е предвидено да се разговара за клучните безбедносни предизвици на глобално ниво кои имаат влијание врз целиот регион, како и за натамошниот развој на овој процес во чии рамки функционира и Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG).

Во Босна и Херцеговина министерот Мисајловски ќе ги посети и припадниците на македонската Армија кои даваат придонес во операцијата на Европската Унија, ЕУФОР – АЛТЕА и ќе оствари средба со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор, Флорин-Мариан Барбу.