Рускиот претседател Владимир Путин православен Божик го прослави така што во Санкт Петербург пукаше со топ.

Настанот се случи на 7 јануари.

Путин го посети својот роден град Санкт Петербург, а пукаше од топ што се наоѓа на брегот на реката Нева. Станува збор за топ кој од 1865 година се огласува секој ден напладне.

– Како офицер ви честитам, беше тоа прекрасен удар, рече еден од офицерите кој работи на Петропавловската тврдина на која се наоѓа топот, објави Индепендент.