Најважно е дали по она што го правиш, после можеш мирно да спиеш, затоа што со арам пари, арам моќ и работи кои се стекнати и постигнати со неалал не се оди во животот, порачува аналитичарот Александар Ристевски во „За или против“ со Љупчо Цветановски, оценувајќи ја веста за апсењето на поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини, лик кој кумуваше на промената на исконоското име на државата и даваше силна поддршка на Зоран Заев: Могерини е центарот на милионска афера со мито и корупција во Европската Унија.

-Има една фраза, кој краде тој лаже, пеца вошки, па ги јаде, како беше тоа, што како деца го кажувавме… Но интересно е што ем клетвата фаќа и што оној кој негативно настапил и правел неправди кон некој, и кога една маса луѓе, една цела етничка целина како македонскиот народ, па и добар друг дел од државата те ставил во уста по лошо, лошо и те стига, констатира Ристевски.

-Не е ни прва, се сеќаваш на оној што не зезеаше од Германија со грчко потекло, Јоргос Шацимаркакис, исто го снајде, како и некои други ликови. Интересно е како така следствено ги фаќа токму оние кои ни правеа неправди и сплетки на нас како народ и севкупно како нација можам да кажам. Не е убаво, не е христијански понекогаш човек да се сити, но јас не го сфаќам како ситење, туку кога ја прочитав веста така симпатично се насмејав и споделив кај мене на Фб страницата. Очигледно, некои карактерни особини кај луѓе кои имаат тенденција да спроведуваат негативни, тендециозни и асимилаторски политики кон други, кон цел еден народ, очигледно имаат и афинитет да прават форми на злоупотреби и како викаат, вистината е како шило, ќе копа, ќе копа и ќе излезе некогаш, цени аналитичарот Ристевски.

На прашањето на Цветановски, дали мисли дека каде и да е, „мајата“ ќе ги фати и македонските „партнери“ на Могерини во злоделата кон македонскиот народ, тој вели дека тоа ќе мора да се случи.

-Ако не те стигне законот, тогаш ќе те стигне Божјиот суд, нели. Види, едно нешто сум сфатил во животот, арам пари, арам моќ и работи кои се стекнати и постигнати со неалал, како што викаат старите, ако не удира по тебе удира по најблиските, по фамилијата. Зошто јас викам, што и да правиш во животот не смее да се коси со твојот морал и етика. Денеска зборував со еден работник околу тоа, за она што го правиш, дали после тоа можеш мирно да спиеш? Е, сега, некој ќе лаже, абе има луѓе – немаат гајле! Не, не тоа не е точно, треба да си тежок социопат и неурамнотежена личност за да можеш така, секој има некакви морални вредности но во некој период решава да ги руши и да ои против себе, а кога-тогаш него го оптеретува тоа. Како викаше во генијалниот филм на Раде Шербеџија, „Уна“ од Момо Капор, кога ги учи новинарите на студии во прва година: Телото не може да дозволи да мислите едно, а да правите друго. Мали микро капилари, вика таа, прскаат во вас и што се случува? Мал удар во 40-та, излив во 50-та и толку, отидовте. Затоа што, вели таа, ако ги рушите своите вредности и критериуми кои сте ги развивале низ животот, самото тело не ви дозволува да си го лажете, потенцира Ристевски во интервјуто со цветановски за Алфа.