Поранешната висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска и официјално е обвинета за процедурална измама и корупција во врска со договорот за обука на идни дипломати во академијата „Колеџ Европа“, која сега ја води.

Могерини беше уапсена вчера и приведена на испрашување од страна на белгиската полиција, а во текот на ноќта беше ослободени од притвор, заедно со уште две други лица.

Обвинителството истражува измама поврзана со програмата за обука на помлади дипломати финансирана од Европската Унија, која Европската служба за надворешна акција ја додели на Колеџот на Европа за 2021 и 2022 година. Истрагата се фокусира на тоа дали тендерот бил наместен во корист на училиштето.

Могерини е на чело на Колеџот на Европа од 2020 година, а во 2022 година ја презеде и функцијата на чело на Дипломатската академија на ЕУ.

Како што пишува France24, повикувајќи се на европски извори, предметниот договор вредел околу 650.000 евра.

фото: архива