Поправките на електричната мрежа на Украина по големиот руски воздушен напад се очекува да траат неколку недели, соопшти државниот оператор со мрежата „Укренерго“.

Шефот на „Укренерго“ Виталиј Заиченко за украинската државна телевизија изјави дека ситуацијата е сериозна и оти процесот на обнова ќе трае недели наместо денови, пренесе ДПА.

Обемната штета значи дека прекините на електричната енергија се продолжени од четири до осум часа на 12 до 16 часа во повеќето региони, рече Заиченко, при што домаќинствата често остануваат и без вода за пиење.

Руските напади во текот на ноќта кон саботата беа насочени кон енергетските капацитети низ целата земја. Институтот CSIS со седиште во САД процени дека во нападот биле употребени околу 653 дронови и 51 проектил и крстосувачки проектил, што веројатно го прави трет по големина воздушен напад во војната.