Од овде, од пред Уставниот суд испраќаме гласна порака: СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор! Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата, вели потпретседателката на партијата Јована Тренчевска, во изјава за медиумите, што ја пренесуваме интегрално.
ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата.
Целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот -мигранти за пари, да се спречи вистината да излезе на виделина.
Секој што ќе зборува јавно за мигранти, да се таргетира со закани за кривични пријави и затвор. Затоа и забрзано работат на воспоставување контрола врз судството и обвинителството.
Цензура против предавствата на власта.
Кога се носат неуставни резолуции против опозицијата, тоа е автократија – вовед во диктатура, режим.
СДСМ ова нема да го дозволи и силно ќе се спротивстави, заедно со граѓаните.
Најавувам, ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок.
Предавничката Резолуција е спротивна на УСТАВОТ во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена. И тоа ја прави неуставна.
Понатаму, ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции, ќе побараме помош и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа.
Со сите демократски алатки и механизми што ни стојат на располагање ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Борбата продолжува.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=aiogGzh2PEo
Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ




